Стил // Пари
За греота сме- ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ОД МАКЕДОНЦИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ОДАТ НА ЕДНОНЕДЕЛЕН ОДМОР: Поразувачка статистика од Еуростат
Поразувачки статистики од Евростат. Според мапата објавена на Редит, повеќе од половина од Македонците не можат да си дозволат еднонеделен одмор.
Поточно, 55 проценти од населението во Македонија, не може да замине на одмор.
Како што е наведено на објавената мапа, податоците се од 2020 година.
Полошо е во Косово, каде 69,5 проценти од населението не можат да заминат на одмор, а во Црна Гора дури 67,2 проценти.
Најдобро е во Луксембург каде само 7,6 проценти не можат да си дозволат одмор.