За три месеци, коронавирусот ќе исчезне од Западен Балкан
Добро познатиот хрватски научник и еден од најрелевантните молекуларни биолози во Европа, Иван Ѓикиќ, во ексклузивното интервју за „Дневни аваз“ рече дека најсериозните носители на вирусот се луѓето кои немаат никакви симптоми.
Тој додаде дека оваа пандемија е опасна затоа што вирусот се шири многу брзо.
Но, добрата страна на целата приказна, според него, е дека скоро 90 проценти од населението нема да има никакви симптоми.
Акутни заболувања
- Најмалиот дел, односно 5 до 10 проценти, ширум светот се води најголема грижа, бидејќи смртноста е поизразена кај нив. Тоа се луѓе во болници, луѓе со акутни заболувања и на нив треба да се фокусираат- потенцира Ѓикиќ.
Тој објаснува дека коронавирусот може да се победи, а тоа веќе е докажано во Кина.
- Со ригорозни мерки, Кина успеа да надмине голема опасност. Сега се на т.н. краен дел на опашката на овој вирус. Исто така, коронавирусот може да се победи со правилни мерки, однесување, па дури и природен циклус. Вирусите како овој се циклични. Хрватска и Германија имаат одлична статистика, затоа што успеаја да го спречат ширењето на вирусот на контролиран начин кај популацијата, а подоцна и во болницата – подвлекува научникот.
Тој додаде дека некои земји доцнареагираа.
- Тие влегоа во експоненцијална фаза и таму имате повеќе смртни случаи, што е страшно. Паниката е уште поголем проблем затоа што кога паничиме, го блокираме животот на услугите потребни за нормален живот. Во овие моменти, потребна ни е одговорност и правилно однесување - посочува тој.
Реални очекувања
Ѓикиќ посочува дека коронавирусот ќе исчезнеод Западен Балкан за три месеци.
- Од појавата на вирусот во Хрватска, БиХ и другите екс Ју земји, може да се пресмета врз основа на програми кои предвидуваат негова појава и ширење. Сега сме на почетокот на искачувањето и веројатно ќе ни требаат две, три, па дури и четири недели вирусот да се прошири до својот максимум. Потоа ќе бидат потребни еден месец или два, максимум три, за да се намали бројот на заразени лица во популацијата. Само со соодветни мерки, ова нема да трае три месеци, туку можеби и еден месец или два - заклучува Ѓикиќ.
Врв после еден месец
И покрај мислењето на некои експерти дека потоплото време ќе влијае на исчезнувањето на коронавирусот, Ѓикиќ потенцира дека тоа нема да се случи.
- Ниту топлото време ни сонцето нема да придонесат за исчезнување на вирусот. Прашањето е кога во која држава ќе зафати повеќе од популацијата. Доколку се појави во една земја во мај, циклусот ќе трае како и денес. Така, кулминацијата ќе биде после еден месец или два, а потоа ќе падне заразата– рече за Аваз.