Заборавете на годините, величината и мерењето на времето: Ако ги имате овие 10 квалитети, вие сте врвен љубовник!

Дознајте зошто се јавуваат проблеми со ерекцијата и навреме спречете ги

Иако луѓето често се премногу опседнати со изгледот, својот, но и туѓиот, за да уживаат во водење љубов, потребно е многу повеќе од тоа.

Исто така, премногу внимание посветувано на различни димензии, од „надареноста“ на мажите до големината на женските гради, може да биде контрапродуктивно.

Иако многумина можеби не се согласуваат со ова, најважното нешто се крие во нашата глава и тоа е она што одредува дали сте добар љубовник.

Експертите истакнуваат 10 квалитети на голем љубовник:

-Сакате да учите.

-Разиграни сте и страсни.

-Со вас вашиот партнер се чувствува секси.

-Вие сте самоуверени и не се плашите да бидете ранливи.

-Подготвени сте за авантура и експериментирање.

-Зборувате за вашите потреби и слушајте ја другата страна.

-Имате време и не брзате да водите љубов.

-Уживате да давате задоволство исто како што уживате да примате.

-Вие поддржувате и не осудувате.

-Вие сте целосно присутни во тие моменти.

Техниката, добрата хигиена, карактерот и хемијата меѓу двајца се важни фактори, но сексуалната интимност што ја прави врската фантастична е многу повеќе од тоа. Расте и се размножува со добро, споделено искуство, разговор и работа на себе.

Она што ги намалува нашите сексуални вештини се недостатокот на време, самофокусирањето, предрасудите, немањето техника, како и мозокот кој не сака да се „исклучи“, па не можете целосно да уживате во водење љубов.

Освен тоа, многумина од нас не мислат дека се секси, а за тоа се особено виновни модерните и наметнати идеали за убавина. Дополнително, поединците се воспитуваат да ги сметаат интимните односи за валкани и срамни, а тоа е огромна ментална кочница што го намалува сексуалното уживање, но и „перформансот“ во кревет.