Забава // Занимливости
Замислете да пиете кафе, а околу нозете да ви се плеткаат прасиња? Дали би го посетиле ова кафуле? (ФОТО+ВИДЕО)
Едно кафуле во Токио има свои редовни гости, прасиња, кои ги воодушевуваат сите посетители на ова место.
Кога излегувате на кафе со пријателите, веруваме дека главна цел ви е да се опуштите и убаво да се забавувате. За многу луѓе, покрај општеството, важно е и местото каде што ќе го испијат својот пијалак, а едно кафуле во Токио им стана омилено на повеќето од многу интересна причина.
Она што го издвојува од другите места не е толку квалитетот на кафето и услугата, туку неговите постојани „гости“ - свињите.
Ова кафуле е дом на неколку слатки прасиња, кои таму слободно шетаат, играат и спијат, а секој што ќе дојде може да ги погали и да ужива во нивното друштво.
Дали би го посетиле ова место?