Започна пријавувањето за трката HalkEco Скопје Трча 10КМ
Со голема радост најавуваме дека Сојуз на спортови на Скопје, заедно со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, по една година пауза, на 13 јуни 2021 година, во 08:00 часот, ќе ја одржат традиционалната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ. Трката ќе биде комплетно организирана според безбедносни протоколи и препораки утврдени од Владата и Комисијата за заразни болести, со цел заштита на учесниците и организаторите.
Пријавувањето започна и истото ќе трае до 4 јуни 2021 година, односно до пополнување на предвидениот број на учесници. При процесот на пријавување учесникот ќе треба да го одбере таргет времето за кое би ја истрчал трката, и според кое ќе биде распореден во стартната зона.
На стартот на трката тркачите ќе бидат распоредени во 5 стартни боксови според таргет времето кое го имаат одбрано при процесот на пријавување. Во секој стартен бокс помеѓу тркачите ќе има растојание од 1,5 метар, а носењето на заштитна маска ќе биде задолжително цело време, освен за време на трката. Учесниците ќе стартуваат на секои 10 секунди по 5 учесници
За подетални информации поврзани со трката и пријавувањето, посетете ја веб страницата на HalkEcoСкопје Трчаhttps://www.skopje.run/.
ПР објава