Запознајте го Алојз од Словенија, модерен дедо следен од милион луѓе на Инстаграм (ФОТО)

Алојз Абрам е дедо кој има силен „сенс“ за мода, роден и израснат во Словенија, а на Инстаграм е познат под прекарот „Gramps“. Зад неговиот профил се всушност тој и неговиот внук кој го советува за модата

Gramps обожава улична мода, а ужива и во пресоздавањето на облеката на славните ликови. Најдобро од сè, неговиот внук, фотографот Јаник Дифенбах, ги доловува овие рекреации и ги објавува на своите социјални мрежи. 

Сè започнало пред пет години 

- На Божиќ 2016 година го прашав дедо ми дали сака да ја проба мојата облека. Изненадувачки, тој рече да, а потоа ми ги облече облеките и патиките. Тој изгледаше толку кул што морав да го фотографирам. Две недели подоцна, на почетокот на јануари 2017 година, ја објавив првата слика од Gramps на мојот профил на Инстаграм и сите ја сакаа. Од кога ја направивме првата слика, продолживме да снимаме повеќе. Така започна сè - изјави тој за ЛАДбибл, овој 23-годишен студент по деловно право од Мајнц, Германија. И дедо му живее во истиот град. 

Јаник и неговиот дедо ги следат милион луѓе на Инстаграм, а како што вели, заедничкото хоби ги зближило уште повеќе. 

- Секогаш бевме многу блиски, игравме пинг-понг и фудбал секој вторник или заедно одевме на шопинг. Навикнав да ги гледам и него и баба ми. Уште кога започнавме да фотографираме, јас и дедо ми се гледаме се повеќе и повеќе. Оваа година патувавме многу и поминавме многу време заедно. Поминавме навистина убаво и уживавме во секоја секунда. Како дете ме научи многу, но што е најважно, тој ми покажа дека никогаш не е доцна да започнам нешто ново и ме советуваше да не се плашам да бидам поинаков. Тој е најмирната личност што ја познавам и никогаш не ги губи нервите. Покрај тоа, тој оди во теретана три пати неделно за да се одржи во форма. Се надевам дека ќе бидам како него кога ќе остарам - рече Јаник. 

Ако мислевте дека дедото ја избира оваа облека само за фотографии на Инстаграм, не сте во право. Облеката за социјалните мрежи ја избира внукот, а Алојз носи таква облека во секојдневниот живот. Тој исто така неодамна ја издаде својата колекција „Bygremps“.

View this post on Instagram

A post shared by Jannik (@jaadiee)




- Се согласив да ја носам неговата облека бидејќи мислев дека Јаник ме прашува за забава. Но, тоа ми се допадна, па целосно ја сменив гардеробата. Уживам да поминувам време со мојот внук, да патувам и да пробувам нова облека и обувки. За мене, тоа е забавно хоби и сега сум навикнат да моделирам. Научив да гледам во камерата кога Јаник ме фотографира. Единствените луѓе кои ме инспирираат се моето семејство, а особено мојата сопруга. Мојата сопруга го сака мојот стил и нашето хоби. Во далечната 2016 година, таа се вљуби во мојата прва слика и денес секогаш се грижи кога ќе ја напуштам куќата да земам капа и добри патики. И се допаѓа тоа што најдов ново хоби и што уживам. Исто така, и се допаѓа тоа што јас и Јаник поминуваме многу време заедно. Таа сама купи неколку патики, а исто така почна да покажува интерес за „streetstyle“ облека и патики - ни рече дедото кој е свесен за модата, кој со своите комбинации не остава никого рамнодушен.


Фото: Инстаграм/ jaadiee/ bygramps