Запознајте го „Blob“: Организам како печурка, а се однесува како животно
Зоолошката
градина во Париз откри мистериозен нов организам, наречен „Blob“ или дамка или флека, жолтеникаво,
едноклеточно живо суштество кое изгледа како габа- печурка, но делува како животно.
Новиот примерок на зоолошката градина во Париз нема уста, стомак, без очи е, но сепак може да открие храна и да ја вари.
Има скоро 720 полови, може да се движи без нозе или крилја и да се регенерира за две минути ако е пресечена на половина.
„Тоа е живо суштество што претставува една од мистериите на природата“, вели Бруно Дејвид, директор на музејот во Париз за природна историја, од кој Зоолошката градина е дел.
“Организмот нè изненадува затоа што нема мозок, но може да учи. Покрај тоа, ако споите два организми, оној што се стекнал со знаење ќе го пренесе на другиот “, истакна Дејвид.
„Знаеме дека
тоа сигурно не е растение, но не сме целосно сигурни дали станува збор за
животно или габа“, рече Дејвид.