Заработи милиони како ПОРНО ѕвезда: Стана зависник поради снимање филмови, а потоа од корен го промени животот

Кристал Басет од Њујорк глумеше во над 100 порно филмови во нејзината кариера како актерка во филмови за возрасни која опфаќа повеќе од 10 години. И тогаш таа целосно го промени својот живот.

Кристал забременила на 16 години. Таа родила син и била решена да му го пружи најдобриот можен живот. Меѓутоа, кога со своето дете се преселила во Њујорк, открила дека нормалниот живот во оваа метропола ја чини незамислива сума пари. 

- Се сеќавам дека после тоа долго плачев под туш. Решив дека не можам да го правам тоа, но после еден месец решив сепак да се вратам. Поради порно филмовите станав зависник од алкохол и средства за смирување, бидејќи морав да се отупам за да снимам - вели оваа поранешна порно актерка која денес има 38 години.

Нејзиниот живот, вели таа, се променил кога го запознала пасторот Дејвид (26), со кој денес води миса во црквата. Таа се омажи за него и денес се во среќен брак.

Како што вели, заглавила во постојан циклус на алкохол и пари. Имаше огромна палата, скапи автомобили и се‘ што сакаше.

- Мојот ум беше целосно погрешен. Живеев само за себе и за син ми и воопшто не размислував за последиците што ќе ми ги донесат годините на снимање порно филмови и стриптиз. Кога за прв пат ја прочитав Библијата, знаев дека сатаната ме опседна - вели оваа поранешна стриптизета.

Нејзината средба со Библијата се случила пред да го запознае Дејвид. А потоа, кога налетала на него, сфатила дека тоа е знак дека мора да го промени животот. 

Овој пар се венчаше во 2014 година, а набрзо го добија и синот Картер.

- Кога сега ќе погледнам наназад на мојот живот, не се каам за ништо, бидејќи јас сум личноста каква што сум денес поради моите искуства - заклучува Кристал.


Фото: Printscreen