Завршил во инвалидска количка поради суплименти: Откако земал преголема ДОЗА од овој витамин, сега не може да оди

Маж завршил во инвалидска количка откако земал поголема количина на витамин

Витаминските суплементи можат да бидат од голема помош во случаите кога некое лице има витамински дефицит, но тоа во никој случај не е замена за здрава исхрана. Исто така, експертите предупредуваат дека суплементите никогаш не треба да се земаат сами, без консултација со лекар, бидејќи прекумерните дози можат да предизвикаат здравствени компликации.

Колку може да биде опасно претераното внесување суплементи, доказ е еден маж кој не можел да оди токму поради преголемото количество витамини што ги земал откако му било утврдено дека има недостаток.

Според пишувањето на медиумите, станува збор за 86-годишен маж кој ја загубил способноста за одење откако земал 70 пати повеќе од препорачаната доза на витамин Б6.

Неговата ќерка Алисон Тејлор за радиото ABC Мелбурн изјави дека докторот на нејзиниот татко му  препишал доза од 50 милиграми витамин Б6 за да го компензира недостатокот на тој витамин. Оваа доза е многу повисока од препорачаната дневна доза од 1,7 милиграми витамин Б6 за мажи над 50 години, пишува британски „Инсајдер“.

Покрај тоа што конзумирал значително поголема доза преку суплементи, овој човек конзумирал и витамин Б6 преку храната, особено преку житариците што ги јадел за појадок, а кои се полни со овој витамин.

Неговата ќерка рече дека мажот почнал да го губи чувството во нозете неколку месеци откако почнал да го зема препишаниот додаток.

„Возеше автомобил пред 12 месеци, а сега е во дом за стари лица, во инвалидска количка“, вели Алисон.

Витаминот Б6 е витамин растворлив во вода кој се наоѓа во многу намирници, а влијае на повеќе од сто ензими во телото, помагајќи им да ја извршуваат својата функција - да ги разградуваат протеините, јаглехидратите и мастите.

Инаку, адекватно ниво на витамин Б6 во организмот е поврзано со пониско ниво на рак, но од друга страна, подеднакво е важно да не се претерува со внесувањето на овој витамин.


Фото: unsplash