Жељко Бабиќ повеќе не е тренер на Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер и Жељко Бабиќ ја завршија соработката, клубот од Битола информираше дека спогодбено е прекинат договорот.

Битолчани информираат дека  ја искористија  опцијата во договорот за прекин на соработката на крајот на сезоната. По две и пол сезони нашиот клуб ќе добие нов тренер за сезоната 2022/23. 

„Најискрено му се заблагодаруваме на Жељко Бабиќ за развојот на клубот во претходниот период од 2020 година до денес. Без негова помош нашиот проект немаше да се развива по предвидениот колосек. Исто така изразуваме благодарност за остварените цели во европските натпреварувања и освоениот Суперкуп на Македонија 2022“  - се вели во сооптението на РК Еурофарм Пелистер.