Желките се тревопасни животни? Еве доказ дека не се- јадат месо безмилосно (ВИДЕО)

Таа двапати ја грабна со вилицата. По трет пат, главата на птицата беше во устата на џиновска желка.

Опишаната ситуација, која имаме можност да ја видиме на видеото, веројатно не би била невообичаена доколку видот Aldabrachelys gigantea, според научниците, не е исклучиво тревојад.

Експертите велат дека е можно тоа да се случило и порано, особено поради умешноста што ја имаат желките при грабање птици, сепак, ова е првпат да се документира лов на овој вид животни.

Видеото, на кое се гледа џиновска желка од Сејшелите како демне ластовичка, е снимено на островот Фергејт, кој припаѓа на Сејшелите, во јули 2020 година.


Островот Фергејт е приватен екотуризам и е дом на околу 3.000 џиновски желки.

Дека овие џиновски желки од Сејшелите се тревојади, пишува Гардијан, повикувајќи се на студија објавена во списанието Карент Бајолоџи, чиј водач е д -р Џастин Герлах, директор за студии во Петерхаус и соработник на Музејот за зоологија на Универзитетот во Кембриџ.

"Ова е сосема неочекувано однесување и никогаш порано не било видено кај диви желки. Имало случаи кога се хранеле со коски и школки, поради калциум, но тоа не е така", рече тој.

Научниците од овој остров на Сејшели со години прават напори да го обноват екосистемот, а тоа придонесе и за нови форми на однесување кај животните.

"Деновиве, начинот на кое ластовиците што се гнездат на дрвјата и џиновските желки коегзистираат е невообичаен. Нашите наб набљудувања сугерираат дека ваквите неочекувани интеракции помеѓу видовите ќе бидат почести со обновувањето на екосистемот. Можно е такви ситуации да имало и порано, но ние никогаш не ги видовме претходно “, рече Герлах.

Герлах, исто така, вели дека снимката може да биде доказ за постоење на „популација на желки која развила нов тип на однесување што ќе има последици за еволуцијата“.