Стил // Пари
Земаат плата како генерал-полковник во војска: Колку заработува еден НАСА астронаут?
Еден НАСА астронаут може да заработи околу 155.000 долари годишно, изјави бившиот астонаут на НАСА, Скот Кели.
„Астронаутите на НАСА можат максимално да се сместат во
категоријата на федерален службеник GS-15, што во војската е еквивалентно на
позицијата генерал – полковник или капетан на воена подморница. Годишната плата
се движи околу 155.000 долари“ – кажа Скот.
Кели објасни дека кога тој се придружил на астронаутскиот одред на НАСА, војниците остануваат во воена служба, поради што добиваат иста плата како во војската. Во суштина, еден астронаут добива малку поголема плата од неговите цивилни колеги, бидејќи дел од нивните приходи не се оданочуваат.