Ѕирнете во домот на Шехерезад и Сулејман: Славната актерска двојка Бергузар и Халит има мало царство

Славната актерска двојка Бергузар Корел и Халит Ергенч е една од најинтересните во Турција, и покрај ордата фанови, парот живее тивок семеен живот со двата сина кои очигледно го имаат главниот збор во нивниот дом.

Прво се појавија на малите екрани во 2006 година како љубовен пар во серијата „Илјада и една ноќ“,потоа ја започнаа истата љубовна приказна во реалниот живот, турскиот актерски пар, 38-годишната Бергузар Корел и 50-годишниот - Халит Ергенч, се едни од најследените парови таму. Она што Анџелина и Бред беа во Холивуд, тоа може да се каже за овие сопружници во Турција. 


Тие се венчаа во 2009 година, а нивните синови - 11-годишниот Али и 11-месечниот Хан - дојдоа како круна на нивната долгогодишна љубов. Сепак, за време на 12-годишниот брак, честопати се пишуваше за проблемите во истиот, па некои турски медиуми изјавија дека парот може да се разведе, дека се случило неверството и слично. Сепак, и покрај сите гласини и шпекулации, Шехерезада и Сулејман сепак се сакаат, а судејќи според објавите на социјалните мрежи, дуото ужива во семејниот живот со своите малечки.

Токму од овој семеен живот, 38-годишната актерка сподели неколку моменти. Имено, Бергузар сподели неколку видеа со своите следбеници преку Инстаграм стори во кои сними типично утро во нивниот дом, а она што привлече најголемо внимание е изгледот на нивниот дом. Пастелните нијанси и дрвото се она што преовладува во овој ентериер и му даваат чувство на топлина и удобност.


Во централниот дел од дневната соба има масивна витрина со семејни фотографии и мали предмети со прекрасни спомени, а кујната е збогатена со мал апарат за домаќинство што значи живот - машина за кафе. Делот од домот што најмногу покажува како семејство со мали деца живее во истиот е секако аголот со играчки кои исто така ги сними актерката. 

Фото: Инстгарам/ berguzarkorel