ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ: Немав што да јадам, еден човек ми помогна
Максвел му пружи рака, а Златан никогаш не заборави ...
Златан Ибрахимовиќ, фудбалерот на Милан и еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 20 години, е неисцрпна тема на сите медиуми во светот.
Фудбалските зависници почнаа да извлекуваат интересни извадоци од неговата автобиографска книга „Јас сум Златан“ и објавија навистина неверојатни работи.
Така, тие ги извлекоа неговите почетоци, односно проблемите со кои се соочил кога пристигнал во Ајакс.
„Тука започна се. Ајакс. Авантура во Ајакс. Дојдов во Амстердам целосно сам. Првиот месец беше голем проблем. Да бидам искрен: Немав пари, воопшто. До прва плата, требаше да помине еден месец, да се сработи па да се добие паричен надоместок.“
„ Добив пристојна куќа, но имав само кревет и телевизор во неа. Во тие 15 дена бев ужасно измачуван и доживеав пекол. Потоа го повикав Максвел затоа што дојде во Ајакс кога отидов и јас, па го запознав малку подобро. Му реков дека немам многу за јадење, и тој ме смести во својата куќа, ми го даде неговиот кревет додека тој спиеше на подот“ , пишува Златан и продолжува натаму:
„Спиев кај него две недели. Ја јадев неговата храна, ме возеше на тренинзи, на излегување. Максвел е како мече, teddybear . Најдобар човек во светот “, напиша Златан во неговата, реално реалистична, најдобра автобиографска спортска приказна воопшто.
Оттогаш Максвел е приврзан со Златан, големиот Швеѓанец го зема со себе насекаде.
Максвел му пружи рака, а Златан никогаш не заборави ...