Знаете ли кој е најголемиот град во светот? Одговорот би можел да ве изненади

Ако некој на улица нè праша кој е најголемиот град на светот, секој од нас сигурно ќе даде различен одговор.

Во 1800 година само 18% од светското население живеело во градови, додека во 2009 година тој процент бил 80%. Но, која е дефиницијата за најголем град во секој случај?

 Големината на градот може да се дефинира или според географската област или според населението.

Исто така, како трета ставка во одредувањето на најголемиот град, постои теорија за тоа колкаво влијание има одреден град врз остатокот од светот.

Според изворите на WorldAtlas и WorldPopulationReview, најголемиот град (по површина) во светот е Њујорк. 

Меѓутоа, кога големината на градот се одредува според населението, Њујорк не е ни блиску до врвот на листата.

Убедливо најнаселен град во светот е Токио, кој има 13,96 милиони жители во 2021 година, а по него е Џакарта, покажуваат податоците на Статиста.