Зошто богатите мажи имаат повеќе секс? До парите ли е или нешто друго?

Изгледа дека дебелиот паричник игра голема улога..

Мажите отсекогаш дискутираат за тоа дали парите се важни и дали играат голема улога при освојувањето на девојки. Многу од нив тврдат дека во главата на девојките е само големината на паричникот, но други сметаат дека парите немаат никаква врска со привлекувањето и дека девојки може да освојувате само ако сте квалитетен и морален маж. Сепак, различни истражувања покажуваат дека убавите и атрактивни жени во поголем дел се наоѓаат во друштво на богатите мажи.

Затоа отсекогаш се поставува прашањето, дали мажите кои се успешни и кои имаат повеќе пари полесно освојуваат жени? Па, одговорот по се изгледа дека е ДА. Немојте ова да ве зачуди. Се испоставува дека ова е природна работа која сите животни ја прават.

Кога женката во природата бара маж, таа бара некој кој е силен, кој може да ја заштити и кој може да и подари подмладок. Мажјакот на различни начини пак, ги привлекува женките. Птиците ги покажуваат своите прекрасни перја,грабливците својата сила и големина, а другите животни знаат да приредат посебни движења или да испуштат посебни звуци, како ритуали. Сето ово го прават животните за да го освојат и привлечат својот партнер.

Луѓето не се многу различни. Жените бараат маж кој може да ги заштити, да им пружи дом и да им подари деца кои ќе може да ги чува и издржува, а најдобриот маж за тоа е успешниот маж. Секако, богатите мажи го користат тоа, како прицата перјата, па на тој начин полесно ги привлекуваат жените, за разлика од останатите мажи.

Значи, логика постои. Мажите често се трудат да се облекуваат во убави одела и да остават впечаток на успешност, за полесно да ги привлечат жените.

Сепак, не е се’ во парите и ако сте некој кој има длабок џеб, тоа не значи дека ќе бидете наголемиот Казанова кој го поминал целиот свет. Убавината, начинот на однесување и погледите кон светот се исто така важни фактори кои влијаат врз тоа дали полесно или потешко ќе ја пронајдете вашата партнерка. Парите едноставно се пречка која ви овозможува да дојдете во контакт со жените многу брзо, но парите исто така можат да бидат и нож со две острици, бидејќи ќе ви привлекуваат доста жени кои ќе сакаат само да ве искористат.

Затоа, ако успеете да освоите жена без вашите пари, знајте дека таа навистина ве сака.