-19 степени, 100 km/h ветер: Се искачи на највисоката планина гол, само по шорцеви
- 18 Септември, 2024
Во 2014 година, Андре Ширле го освои Светското првенство со Германија, постигнувајќи 3 гола и асистенција за победничкиот гол во финалето.
Само осум години подоцна, тој се повлече од фудбалот на 29-годишна возраст. Оттогаш, тој најде нов правец во својот живот: **Методот на Вим Хоф**, еден од најтешките предизвици за издржливост во светот.
Тој се искачи на планината Сњешка, највисоката точка во Чешка (1630 м.н.в.), без кошула, само во шорцеви.
"Последниве неколку минути не чувствував ништо и морав да најдам нешто длабоко во мене за да продолжам. Искуство кое никогаш нема да го заборавам! -19 степени, 100 km/h ветер во нашите лица, обилен снег и дождот... јас и моето тело сме посилни отколку што мислев, ако ги вложам умот и душата, можам да направам сè“.