Купил јакна во продавница за „secоnd hand“, погледнал во џебот и останал без зборови: Секогаш ќе го памети овој ден

Сон на сите љубители на продавници за „secоnd hand“ е да пронајдат предмет вреден мало богатство, но тоа ретко се случува.

Сепак, една приказна од САД покажува дека понекогаш среќата навистина може да биде на страната на „ловците“ на вредни половни работи.

„Таа сè уште ја имаше етикетата“

Еден корисник на Reddit сподели искуство кое му го разубави денот - и тоа на начин на кој не можеше ни да предвиди.

Тој посетил локална продавница, видел јакна што му се допаднала и решил да ја купи. Потоа се случило шокантно изненадување, објавува „Мирор“.

„Ја купив јакната и бев пресреќен. Сè уште ја имаше етикетата на неа, всушност беше нова“, објаснил тој.

Кога се вратил дома и ја пробал јакната, ги проверил џебовите за прв пат. Во еден од нив пронашол не помалку од пет банкноти од 100 долари!

„Кога ги извадив парите, не можев да поверувам. Секогаш ќе ја паметам денешната посета на продавницата за половни работи“, додаде среќникот.

Необично искуство со куфер

Иако многумина го сметаат овој случај за исклучок, многу корисници споделиле слични искуства. Еден од нив напишал: „Веројатно некој ја добил јакната како подарок и никогаш не ја носел. Можеби дури и не знаел дека има пари внатре.“

Друг напишал: „Еднаш купив половна книга и најдов 2.000 долари внатре. Беше некој богат човек кој сакаше да подари пари. Имаше порака во книгата, не се сеќавам точно што пишуваше. Платив два долари за книгата.“

Еден корисник го опиша необичното искуство: „Мајка ми еднаш купи користен куфер. Го отвори и виде долна облека. Потоа најде медицински игли и одело за медицинска сестра. Сестра ми и јас не можевме да престанеме да се смееме.“

Иако ваквите откритија во продавниците за „secоnd hand“ се ретки, едно е сигурно - среќата може да дојде во најнеобични форми.

Фото: Freepik.com
Извор: Telegraf.rs