Драма во авионот: Патник ја отворил вратата за време на летот

Патниците во паника покажале симптоми на отежнато дишење и веднаш по слетувањето биле пренесени во болница

Во Јужна Кореја е снимен необичен настан кога се отвориле вратите на авионот, по што патниците имале потешкотии со дишењето, јавуваат локалните медиуми. Авионот на „Азијана ерлајнс“ успеа безбедно да слета на меѓународниот аеродром Даегу.

„Ниту еден од 194-те лица во авионот не е исфрлен или повреден, но некои патници во паника покажаа симптоми на отежнато дишење и веднаш по слетувањето беа пренесени во болница“, соопшти новинската агенција „Јонхап“.


Наводно, вратата на авионот ја отворил еден од патниците кога авионот почнал да слетува. Јужнокорејските медиуми јавуваат дека патникот бил уапсен при слетувањето и ќе биде соодветно санкциониран.

Извор: www.alo.rs