Канализацијата е во голем ризик, се фрлаат предмети во wc шоља чие место не е таму
WC шолјата е дел од системот за одведување на нечистата вода, но има своја јасна намена – и таа не е замена за корпата за ѓубре, дури и кога нè мрзи да одиме до неа.
Секој предмет што не е разграден или е преголем може да предизвика затнување на цевките, создавање на чепови, непријатни миризби или дури и поплава во домот.
Поправките често се скапи и непотребни – затоа користете ја WC шолјата одговорно и никогаш не фрлајте ги следниве предмети во неа:
1. Косa и влакна
Иако се тенки, тие се упорни, се заплеткуваат и создаваат топчиња што го блокираат протокот на вода.
2. Стапчиња за уши, памуци и влажни марамчиња
Овие материјали не се биоразградливи, а памукот и влакната набубруваат и го затнуваат одводот.
3. Опушоци од цигари
Филтерот содржи сунѓерест материјал што не се разградува и се таложи во цевките.
4. Забен конец
Не се распаѓа и може да „улови“ други отпадоци, создавајќи тврд чеп.
5. Маснотии и масло
Иако се течни, на пониски температури се стврднуваат и се лепат за ѕидовите на цевките, постепено ја блокирајќи водата.
6. Влажни марамчиња
Без разлика дали се за бебиња, шминка или мебел – тие не се исто што и тоалетна хартија, не се распаѓаат лесно и остануваат во системот.
7. Фластери
Содржат пластика и леплив материјал кој не се разградува и лесно може да заглави.
8. Хартиени салфети
Дебели се и направени така да не се распаѓаат брзо – затоа можат да предизвикаат запушување.
9. Лекови
Иако не прават физичка блокада, хемикалиите од нив завршуваат во водата и претставуваат сериозен еколошки ризик.
Затоа, запомнете: WC шолјата не е корпа за ѓубре. Со малку повеќе внимание, ќе ги поштедите и цевките – и вашиот џеб.
Извор / Freepik