Лекарите го игнорирале проблемот, а еден разговор со бот од неговиот комјутер му го спасил животот
Британски ИТ стручњак со помош на вештачка интелигенција открил дека боледува од лајмска болест, по три години погрешни дијагнози.
Оливер Моазези со месеци имал зуење во ушите, замор и грчеви, но лекарите постојано тврделе дека страда од стрес и анксиозност. Исцрпен и фрустриран, решил самиот да ја побара вистинската причина — со помош на АИ.
Како ИТ консултант, секојдневно работел со алатки базирани на вештачка интелигенција. Ги внел своите симптоми и побарал анализа од проверени медицински извори. Еден од резултатите бил лајмска болест — што подоцна приватна клиника ја потврдила со тест.
Тогаш се сетил дека пред три години го каснал крлеж кој го донела неговата мачка, но тогаш не добил никакво предупредување.
Болеста целосно му го променила животот. Од активен спортист кој тренирал неколку пати неделно, денес едвај може да се движи. Вели дека најтешко му било тоа што никој не го сфаќал сериозно, а лекарите го гледале како хипохондар.
Неговата приказна предизвика реакции меѓу стручњаците. Д-р Џорџија Таки, специјалистка за болести од крлежи, смета дека технологијата може да помогне во потрагата по одговори, но не смее да ја замени медицината. Професорката по вештачка интелигенција Ела Хејг предупредува дека овие алатки треба да се користат внимателно и само со проверени извори.
Лајмската болест е тешко препознатлива бактериска инфекција, со симптоми што често се мешаат со други заболувања. Оливер денес вели: „АИ не ми ја постави дијагнозата, но ме насочи да не се откажам – и тоа ми го спаси животот.“
Извор: Telegraf.rs / Freepik