Морале да ја убијат мечката: Во нејзината утроба пронашле нешто многу вознемирувачко
Жителите на планинскиот град Телурид, Колорадо, беа шокирани откако властите мораа да евтаназираат сериозно болна мечка.
Диво животно талкаше по нивните улици со денови, видливо исцрпено и дезориентирано, а луѓето брзо забележаа дека нешто сериозно не е во ред.
„Донесовме тешка одлука“
„Мечката имаше пена од устата, а очите и беа отечени, изгледаше како да се бори со инфекција. Ќе одеше можеби дваесет или триесет метри, а потоа ќе мораше да легне и да се одмори. Беше јасно дека е во многу лоша состојба“, рече Џон Ливингстон, портпарол на Службата за паркови и диви животни во Колорадо.
Беа повикани надлежните служби, кои наскоро проценија дека животното е сериозно болно и страда, објави Yahoo News.
„Не можевме да дозволиме да умре во агонија. Тоа ќе беше ужасен начин да заврши - полека, скапувајќи внатре со месеци. Како службеници, моравме да донесеме тешка одлука“, рече Рејчел Сала, подрачна менаџерка на Службата за паркови и диви животни во Колорадо.
Шокантно и потресно откритие
Мечката на крајот беше успиена, што ги погоди граѓаните и службените лица. Сепак, вистинската приказна за нејзиното страдање беше откриена дури откако беше извршена обдукција.
Експертите внимателно ги проучуваа остатоците од животното, обидувајќи се да разберат што можело да предизвика толку сериозно и долгорочно влошување на здравјето. Она што го пронајдоа беше шокантно и срцепарателно - доказ дека причината за агонијата е поврзана со човечката небрежност и отпадот што сè повеќе го загрозува дивиот свет!
Се покажа дека мечката страдала со месеци поради нешто што не можела да го свари, нешто што не било природен дел од нејзината исхрана.
„Ужасен начин да се умре“
„Кога и го отворивме стомакот, не можевме да им веруваме на очите. Најдовме хартиени крпи, марамчиња, материјали слични на пластични кеси и несварена содржина на храна. Целиот тој отпад го блокираше нејзинио дигестивен систем, спречувајќи ја храната да помине во долните црева“, објасни Џон Ливингстон.
Поради ова, нејзините внатрешни органи престанаа да функционираат.
„Замислете си да јадете и јадете, но вашето тело не може да процесира ништо од тоа. Тоа е ужасен начин животното да умре“, додаде тој.
Трагичниот случај не е изолиран
Бидејќи мечките имаат исклучително развиени сетила и добра меморија, тие можат да ја почувствуваат храната на големи растојанија, па затоа честопати несвесно доаѓаат до отпадот што луѓето го оставаат зад себе. Иако изгледа безопасно, пластиката и сличните материјали се смртоносни за нив.
Овој трагичен случај не е изолиран. Според Earth.org, до 100.000 морски животни умираат секоја година затоа што голтаат или се заплеткуваат во пластика. Истото важи и за многу птици и цицачи кои ги пребаруваат остатоците од човечка храна.
Затоа експертите апелираат до граѓаните да ја намалат употребата на пластика и да го отстранат отпадот повнимателно. Користењето шишиња, садови и биоразградлива амбалажа за повеќекратна употреба, како и правилното затворање на садовите во областите со диви животни, може да спречи вакви трагедии.
Фото: Freepik.comИзвор: Telegraf.rs