Младоженецот на сопруга ѝ приреди најголемо понижување во животот: На луѓето им се гади од потегот, а особено од она што го кажа невестата (ВИДЕО)
Една невеста објави видео од сопствената свадба на TikTok
кое стана вирално.
На видеото може да се види како младоженецот доста агресивно и бута парче свадбена торта во лицето на неговата сопруга. И додека таа тврди дека одлично се забавувале, оние кои го погледнале видеото не би се согласиле со неа.
Невестата по име Џејд Кенеди заврши со уништена венчаница, шминка и фризура, но не и пречеше. Таа во коментарот покрај видеото дури нагласи дека го сака својот сопруг повеќе од се‘ на светот и дека се работи за одмазда.
@jadekennedy_777 It’s official we’re mr and mrs price he got me back for doing it to him good and propa love my arsehole of a husband all the world #fyp #fypシ #married #couplecomedy #funny #marriedlife #wedding original sound - Jade kennedy
На видеото се гледа и моментот кога невестата бега од младоженецот во ќош и го моли да ја поштеди, но тој не се откажа и буквално и фрли парче торта во лице.
Коментарите на корисниците на TikTok кои го гледаа клипот беа толку остри што Џејд забрани да се коментира под него.
„Ова е бракот што ќе трае најкратко на светот“, „Би побарала веднаш развод“, „Нема оправдување за ваквото однесување“, „Преагресивно“, „Тргни се од него што побрзо “, се дел од коментарите на странските портали.
Фото и Видео: ТикТок