Политичар но и голем љубовник: Силвио Берлускони почина, но не се знае дали ќе оди во вечноста

Овој човек е сам по себе скандалозен. Од оргии, преку политика, па се до љубовни врски со млади девојки.

Медиумскиот тајкун, кој водеше три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и чија партија Форца Италија е помал партнер во сегашната владејачка коалиција, веќе некое време боледуваше од леукемија. Берлускони беше еден од најконтроверзните италијански политичари кој успеа да се врати на политичката сцена во 2017 година и покрај кариерата обележана со секс скандали, бројни обвинувања за корупција и осуда за даночна измама, пишува Гардијан.

Тој почина во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано на 86 годишна возраст, каде што пролетта веќе помина шест недели на лекување од белодробна инфекција поврзана со хронична миеломоноцитна леукемија.

Роден во Милано во 1936 година во семејство од средна класа, Берлускони ја започна својата деловна кариера во развој на недвижнини пред да ја основа Медиасет, најголемата комерцијална куќа во Италија. Тој исто така беше сопственик на фудбалскиот клуб АЦ Милан помеѓу 1986 и 2017 година.

Форца Италија е основана во 1993 година. Една година подоцна, Берлускони беше првиот премиер што беше избран без претходно да служел во владата, а неговиот втор мандат, помеѓу 2001 и 2006 година, е најдолгиот од кој било италијански лидер од Втората светска војна. Тој се врати на власт во 2008 година, но беше принуден да поднесе оставка во 2011 година поради акутна должничка криза.

На крајот на 2012 година Берлускони беше осуден за даночна измама, поради што отслужи едногодишна казна и општествено корисна работа во станбена зграда во Милано. Неговата забрана да се кандидира за функцијата беше укината навреме за општите избори во 2018 година, кога Форца Италија се кандидираше во коалиција со Лигата и Браќата на Италија, но не ги исполни потребните 40% за власт.

Во 2019 година, Берлускони освои место во Европскиот парламент, а на општите избори во октомври 2022 година, неговата партија се врати на власт во коалицијата предводена од Браќата од Италија, предводена од Џорџо Мелони. За сенатор беше избран и Берлускони.

Берлускони беше подложен на операција на срцето во 2016 година, а беше примен во болница поради коронавирус во септември 2020 година. Имал долгорочни компликации поврзани со вирусот.

Се ожени двапати, а седум години беше во врска со Франческа Паскале (37) пред врската со 33-годишната Марта Фасина, пратеничка на Форца Италија, со која стапи во „симболичен брак“ во март 2022 година. Остана со пет деца.

Важеше за голем плејбој, организираше журки во кои тврдеа дека му носат млади девојки и дека прави оргии, неговите забави беа раскошни и полни со мистерии, а тој секогаш беше галантен кон своите избранички. Имаше и многу кои не го сакаа, па така во една прилика беше гаѓан со тврд предмет и целиот беше крвав. Неколку пати беше гаѓан и со јајца.