Што им се случува на Кијану Ривс и Џорџ Клуни?

Според изборот на Пипл, овие двајца актери се најомилените.

Кијану Ривс и Џорџ Клуни пред извесно време ги изненадија обожавателите со промена на стилот.

Двајцата важат за едни од најубавите мажи и актери во Холивуд, чијшто препознатлив стил го негуваат со години.

Кијану, најпознат по улогата во „Матрикс“ со години ги чува косата и брадата подолги, од друга страна пак Џорџ Клуни e препознатлив по кратко исшишаната седа коса и избричена брада.
Овој пат си ги сменија улогите, односно направија тотална трансформација на изгледот. Кијану се потстрижа кратко и ја избрича брадата, како во старите добри денови.

Додека пак, Клуни пушти долга коса и брада и изгледа барем уште 10 години постар - дури и не наликува на себеси.

Се разбира и двајцата направија трансформации за потребите на улогите во филмовите кои моментално ги снимаат.