Успехот не е добар учител: Најбогатите и најуспешните ви нудат поинакви стратегии
Според зборовите на Бил Гејтс, успехот е лош учител..
Секој од нас сака да направи многу пари, да вози добар автомобил, да има убав стан, да патува каде и да посака и да ужива во животот. Но секако, многу нема да ги добијат овие работи, од повеќе причини. За да станете богати мора да размислувате исто како и богатите луѓе и да ги трошите парите на вистински работи.
Некои од најуспешните луѓе на светот, доживеале бројни неуспеси и искуства од кои се усовршиле во текот на својот животен пат. Овој пат одлучивме да ги споделиме нивните нјадобри совети со вас, за да ве потсетиме дека патот до успехот никогаш не е лесен и отсекогаш бил попречуван.
1. Запишувајте се
Ричард Бренсон во една прилика има изјавено дека константно парви листи и запишува разни работи – од список на луѓе со кои треба да се слушне, листи со идеи, компании, луѓе на кои треба да им помогне.
2.Не е се во среќата или талентот
Лесно е да гу препуштите бизнисот на среќата, но на крајот, вистинските достигнувања се невозможни без многу труд и работа. Ова ни го вели Puff Daddy или Шон Комбс.
3.Немојте да се фрустрирате
Како што рековме на почетокот, основачот наMicrosoft, Бил Гејтс, тврди дека успехот не е добар учител, затоа што ги тера паметните луѓе да мислат дека никогаш не можат да пропаднат или изгубат. Според него, човек учи додека е жив и се стреми додека е жив, затоа што едниот успех, не гарантира друг.
4. Бидете дисциплинирани
Марк Кубан вели дека доколку користите кредитни картички, тогаш вие не сакате да бидете богати. Првиот чекор кон богатството е дисциплина. Ако заштедите пари, можете да постигнете многу, но ако постојано трошите на вашите кредитни картички, ништо нема да постигнете.
5.Направете план кој само вас ќе ви одговара
Поранешната менаџерка на брендот „Uber“, Бозома Сент Џон, вели дека нејзините списоци ја донеле таму каде што е. Сепак, таа уште објаснува како го пронашла начинот да го работи токму она што и одговара и вели дека можно е да не функционира истото за сите луѓе.
6.Знајте дека нема да биде лесно
Моментално најбогатиот човек на светот Џеф Безос, вели дека мора да бидеме трпеливи во постигнувањето на своите цели и дека мора да ги поставиме реални. Ако си зацртате да остварите нешто невозможно, поголема е веројатноста дека ќе се откажете, отколку да успеете.
7.Најдете online извори
Гостинката во шоуто на Опра, Сузи Орман изјави дека ги собира своите совети на Интернет, бара места со попусти, купони и многу повеќе. Таа наведува дека штедењето е еден од најдобрите извори на богатство. Ако можете да заштедите 100 долари месечно, вие сте на вистинскиот пат.
8.Не ви се потребни пари за да ги заработите
Дајмон Џон еднаш има изјавено дека секој пат кога бил успешен, всушност парите немале никаква врска со тоа.
9.Водете сметка за вашата кредитна ситуација
Малите работи можат да ви го уништат кредитната репутација, кажа Софија Аморусо, основач на империјата за продажба преку интернет „Nasty Gal i GirlBoss Media“. За само едно попладне, вашиот кредитен рејтингможе практично да оди во неповрат, бидејќи ќе ви бидат потребни години за банките да ве сметаат како кредитоспособни.
10.Бидете искрено кога станува збор за фактите
Никогаш не смеете да ги игнорирате информациите или да негирате што ви кажуваат фактите, вели Џеф Бусганг. Секогаш треба да побарате колку што можете повеќе информации и поголема слика за вистината. Може да ризикувате понекогаш, но не мора да го засновате бизнисот на среќа.
11.Помирете се со неуспехот
Основачката на компанијата „Spanx“, Сара Блејкли вели дека одржувањето на довербата и покрај неуспесите е она што и помогнало да стане најмладата самостална милијардерка во Америка.
12.Кога сте млади, посветете се на учење, а не на заработка
Размислувате долгорочно, вели Тим Ферис. Научете го занаетот од луѓе кои се поискусни од вас, затоа што ќе соберете многу повеќе трикови од нив отколку што ќе ве научи секој факултет или книга.
13.Управувајте со своите ризици
Онаму каде има големи ризици, може да има и големи награди, но тоа не е секогаш сигурен случај, вели Нил Блументал. Бидете фокусирани на вашата визија, но размислете внимателно за секој чекор што можете да го преземете за да го постигнете.
14.Бидете упорни
Оптимизирајте ги сите ваши шанси за успех. Никогаш не пропуштајте можност и бидете упорни, вели Џули Рајс. Ако не знаете нешто, не се откажувајте се додека не го научите истото.
15.Имајте план
Не ги препуштајте своите пари на случајностите. Научете да управувате со вашите пари и да имате план, без оглед на големината на вашиот капитал или целта што ја имате, вели Алекса вон Тобел.