100 ЗАСАДЕНИ ДРВЈА ПО ПОВОД 100-ГОДИШНИНАТА ОД ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА
Во сабота, на 30 март, во Прилеп, кај манастирот „Св. Димитрија“ во близина на с. Селце, вработените од Прилепска Пиварница АД Прилеп засадија 100 садници дабови дрвја како донација по повод 100-годишнината од нејзиното постоење.
„Преку денешната акција што ја спроведоа нашите вработени, ја покажавме нашата грижа за намалување на еколошката загаденост и дадовме позитивен пример како секој граѓанин треба да придонесе за одржување поздрава планета. Токму 100-годишнината е достигнување што вреди да се одбележи со една ваква значајна хумана акција и да остане како сведоштво на нашето одговорно работење.
Оваа акција е продолжување на нашата постојана одговорност кон заедницата и нашата зелена агенда за заштита на животната средина, која е еден од главните приоритети на компанијата. Преку еколошка свест за заштита на почвата, воздухот и на водите и со континуирани активности во процесите на производство и инвестициите што ги правиме за намалување на емисијата на штетни гасови, отпадни води и намалување на грамажата на PET-шишињата што ги користиме“ – изјави генералниот директор на Прилепска Пиварница, г. Сашко Самарџиоски.
Веќе еден век Прилепска Пиварница ја преточува страста и посветеноста во производство на исклучителни пијалаци, а секоја голтка сведочи за нашата бескомпромисна определба за врвен квалитет и извонредност.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
*Пр објава