1.192 новозаразени, 1.071 починати: Македонија покосена од коронавирусот
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на пандемијата изнесува 35.097, оздравени пациенти е 22.024 , починати е 1.071, а активни случаи изнесува 12.002.
Ова се сепак високи бројки кои се зголемуваат од ден на ден.
Во изминативе 24 часа евидентирани се 1.192 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка на дијагностицирани е 35.097. Оздравеле 359 пациенти, а 22 лица починаа како последица на Ковид-19, велат од Министерството за здравство.
Најголем број случаи има во Скопје - дури 571 новозаразен, но голем е бројот на заразени и во Тетово – 87, Куманово -63, и Прилеп-51.
Скопје е на врвот на листата и по починати од коронавирус. Изминатото деноноќие дури осуммина Скопјани починале од опасниот вирус на возраст од 51 до 84 години. Починати се и по двајца пациенти од Штип,Тетово, Велес, Битола, и Охрид, а по едeн починат од корoнавирус има во Прилеп, Гостивар, Крушево и Пехчево.