13 милиони прегледи: Заразен човек покажа во која мера се губи сетилото за вкус и мирис како последица на коронавирус

Меѓу симптомите што се појавуваат по зараза со коронавирус е губење на чувството за мирис и вкус. До кој степен може да се случи тоа, покажа 30-годишниот келнер и актер Расел Донели, на „ТикТок“. Пред неколку дена, тој беше дијагностициран со ковид-19.

"Единствениот симптом што го имам е губење на чувството за мирис и вкус. Сè друго е во ред", изјави тој за BuzzFeed.

„Вториот бран не е шега, имав среќа, искрено“, рече тој.

Додека бил во изолација, Расел се забавува снимајќи видео за ТикТок, а едно од нив има собрано дури 13 милиони прегледи.

"Еден пријател не веруваше дека не чувствувам вкус, па ми рече да докажам. Се согласив", рече Расел.

"Чувствував малку кромид во синусите, но претежно ништо посебно. Пастата од лук беше полесна. Го држев сокот од лимон во устата неколку пати некое време, почувствував како се стега во устата, но немаше вкус. Телото очигледно реагираше хемиски, но сетилата за вкус ми се исклучени “, рече тој.

@rustardlikemustard

Covid taste testing. This is the craziest sensation. #covid19 #fyp #MyHobby #fineart

♬ original sound - rustardlikemustard

Тој продолжи да прави видеа во кои пие сок од портокал откако ги изми забите и гризеше кромид, стар со денови и го потураше со оцет и лимон.