Роботите се нашата иднина и многу е веројатно дека тие ќе ги заменат нашите подобри половини...
Секс роботите веќе почнаа да се произведуваат, а се претпоставува дека тие ќе станат сосема нормална работа до 2040 година. Ова не‘ натера да се запрашаме дали е подобро да се биде со девојка или со робот кој може да ја замени.
Секако, се што сакаме е малку да ве насмееме, но и да размислите малку на оваа тема.
1. Роботите доаѓаат со инструкции
Многу е тешко да се разберат жените, а кога ќе ги прашате што им е, одговорот обично е „не ми е ништо“. Затоа роботите се решението. Имаат јасни упатства за употреба, така што нема да имате никакви проблеми со нив. Ако се борите со жените и со разбирањето на нивниот мозок, тогаш женскиот робот е вашиот најдобар избор.
2. Не го зафаќа креветот
Кога ќе завршите со забавата, можете да ја ставите жената-робот во плакарот или гаражата, додека вашата поубава половина веројатно ќе заземе 2/3 од креветот.
3. Секогаш се однесуваат исто
За разлика од вистинските жени, роботите не го менуваат своето расположение, а тоа е веројатно нивната најсилна сила. Девојките често го менуваат расположението од минута во минута, што не‘ полудува.
4. Немаат семејство
Што е најлошото во долгогодишните врски, запознавањето со семејството. За среќа, роботите немаат семејство, па ќе бидете поштедени од здодевните ручеци и вечери со нив.
5. Кога сакате нов робот, стариот не ви зема половина од имотот
Разводот може да биде вистински пекол за некои мажи. Затоа жената робот е сигурен избор.
6. Роботот не бара совет
Жените понекогаш знаат да претераат со барање совет. Во нас како да гледаат психотерапевт кој е секогаш тука да го каже своето мислење. Нема такви проблеми со роботите.
7. Роботите немаат мачки
Жените и мачките - нераскинлива врска. Кога ќе одлучите да започнете да живеете со вашата поубава половина, мора да бидете подготвени да ги пуштите нејзините многубројни миленици во домот. Кај роботите нема такви маки.
8. Не ви ја земаат храната
Бидејќи не им треба храна или вода, роботите ќе ви го спасат паричникот.
9. Телевизорот е секогаш ваш
Кога живеете со девојка, има чести конфликти околу ТВ и компјутери. Можете лесно да го исклучите роботот и да продолжите со сите други активности без прекин.
10. Копче „Исклучи звук“
Жените сакаат да разговараат, тоа е позната работа, но понекогаш целата приказна може да биде досадна. Како резултат на тоа, роботите можат да се исклучат и да им се намали звукот.
11. Полн болјер
За разлика од жените, роботите не мора да се тушираат, што значи дека секогаш ќе ве чека полн болјер со топла вода.
12. Нема контрола
Некои жени знаат да бидат опседнати со контрола, па постојано ги проверуваат своите мажи. Роботите никогаш нема да го направат тоа.
13. Секогаш се расположени за секс
Женските роботи се дизајнирани да ве задоволат, што значи дека вашата покана за секс секогаш ќе биде дочекана со насмевка.
14. Не изневеруваат
Роботите никогаш нема да ве измамат. Тие секогаш ќе бидат само ваши.
15. Можете да ги програмирате
Замислете жена која ќе прави се‘ што ќе и кажете. Можеби нема таква жена, но роботите ќе ги извршуваат сите ваши наредби.
Фото и Извор: muskimagazin.rs