17 години мистерија: Што се случи со видеото од смртта на Стив Ирвин?

Поминаа речиси 17 години откако светот ја загуби една од највпечатливите личности во борбата за заштита на природата — Стив Ирвин, австралискиот „ловец на крокодили“. Човекот кој цел свој живот го посвети на животните и нивната заштита, трагично го загуби животот на 4 септември 2006 година, кога беше прободен од ража додека снимаше документарен филм во близина на Порт Даглас, Австралија.
И покрај очајните обиди на неговата екипа и болничарите за реанимација, Ирвин почина пред да стигне во болница. Целиот инцидент беше снимен, но по барање на неговата сопруга Терi Ирвин, снимката никогаш не беше објавена во јавност. Таа замоли за таа интимна и болна сцена да не биде достапна за јавноста — желба што е почитувана до денес.
За жал, веднаш по неговата смрт, се појавија лажни видеа кои тврдеа дека ја прикажуваат неговата трагична смрт, манипулирајќи со емоциите на милионите луѓе кои го следеа и го почитуваа неговиот труд. Тие видеа беа демантирани како целосна измислица.
Стив Ирвин остави неизбришлива трага во срцата на милиони. Со својата уникатна енергија, храброст и љубов кон животните, тој стана симбол на активизмот за заштита на природата. Неговата заоставштина живее преку неговите деца, Бинди и Роберт, кои продолжуваат да работат во областа на заштитата на животната средина и образованието.
Стив Ирвин не беше само ТВ личност — тој беше инспирација. Неговиот ентузијазам, љубезност и почит кон секое живо суштество го направија незаменлив. Денес, неговите емисии сè уште се прикажуваат и инспирираат нови генерации да се грижат за светот во кој живееме.
Ти благодариме Стив. За секоја лекција, секоја насмевка, и секоја животна приказна што ја сподели со светот.