19- годишна ја нападнаа зошто се омажила за 90- годишен: Ќе го добијам целото негово наследство
Една млада тинејџерка се најде на удар откако наводно се пофалила дека се омажила за 90-годишен пациент со деменција.
19-годишна медицинска сестра која ги избриша профилите на социјалните мрежи откако нејзините твитови станаа вирални, беше обвинета дека се фалела дека ќе биде вдовица на 30 години.
Фотографии од твитови и пораки, како и фотографии од венчавката беа споделени на Твитер и Редит, а младата жена беше критикувана од многумина. „Ако се венчаме, јас ќе бев единствената личност што ќе го добие неговото наследство“, наводно му напишала на својот пријател.
Другите фотографии покажуваат дека тинејџерката се фали дека правнуците на нејзиниот нов сопруг се постари од неа, но таа исто така истакна дека е „навистина среќна“ во врската.
Судејќи според сликата од Фејсбук, стариот човек бил нејзин пациент пред да се омажи за него. Но, нејзините постапки многумина ги осудија на социјалните мрежи, па ги повикаа оние што знаат повеќе за ситуацијата да ја пријават кај властите.
„Како е ова легално? некои се прашуваа, додека други коментираат дека треба да се испита ситуацијата и да се поништи бракот. Други, пак, ја опишале тинејџерката како злобна и пресметлива.