26-годишна жена „се пали“ на предмети: Се омажи за метална актовка
Една 26-годишна жена од Москва, Русија, го запозна својот сопруг Гидеон пред пет години во една продавница додека купуваше реквизити за фотографија. Гидеон едноставно и изгледаше неодоливо, па на крај го купи. Гидеон е метална чанта ...
Рајн Гидеон, која работи како воспитувачка во градинка, тврди дека нејзината фасцинација со неживи предмети започнала уште од многу мала возраст. Отсекогаш верувала дека сè околу неа има душа и како одминуваше времето, нејзиното верување во анимизам само стануваше посилно.
Во раните тинејџерски години, таа се вљуби во новиот трговски центар што се отвори во нејзиниот роден град, но знаеше дека луѓето мислат дека тоа не е во ред, па затоа не кажа никому. Рајнт сега ја сподели својата љубовна приказна со актовката Гидеон за да ги разбие заблудите и стигмата околу романтичните врски со неживи предмети, пишува „Одити Централ“. „Моето срце прескокнува кога го гледам. Лудо сум заљубена во сребро, рефлексии на огледала и метал“, рече Гордон за Caters News. "Луѓето не го разбираат тоа чувство. Тие ми велат дека сум болна и ми треба третман, но не дозволувам повеќе да ме навредуваат", додава таа.
"Немав идеја дека ќе завршиме заедно. Му се восхитував на неговиот изглед, но не размислував многу повеќе за тоа", рече Рајн. "Но, тогаш почнав да го сакам Гедеон и повеќе од тоа. Полека сфатив дека почнувам да се за вљубувам. Ние ја споделивме нашата прва прегратка и бакнеж, и повеќе време поминувавме заедно".
„За мене, предметите - иако не сакам да го користам тој збор - се навистина подобри од луѓето" вели таа.
Рајн и Гедеон се венчаа во јуни на церемонија за која тврди дека присуствувале нејзините пријатели и семејството. Иако бракот не е официјален, таа вели дека е среќна затоа што ја подигнала врската на ново ниво.
извор: index.hr