6 навики кои постојано ги повторуваме, а претставуваат „СМРТ“ за нашите телефони
Некои навики кои секојдневно ги повторуваме ги уништуваат мобилните телефони и им го скратуваат животниот век...
Животот без мобилните телефони стана незаменлив. Не само што ни служат за својата основна функција - телефонирањето, туку истовремено одамна станаа и калкулатори, телевизори и радио станици во едно. Меѓутоа, тоа понекогаш негативно влијае на нивната работа и долготрајност.
Некои навики кои голем број луѓе ги практикуваат се „смрт“ за телефоните, поради што тие по некое време се расипуваат. Порталот Brightside советуваат што би требало да избегнувате за вашиот телефон да работи правилно и да трае подолго.
1. Носењето на телефонот во бањата
Бањата претставува опасност за телефоните. Најопасната работа е што тие во бањата многу лесно може да паднат во вода, што претставува крај за нив. Оваа навика може да биде опасна и за самиот сопственик, бидејќи во бањата живеат многу микроби, кои може да се задржат на телефоните, а подоцна да се пренесат во кујната и на храната или пак во спалната соба.
2. Полнење за време на ноќта
Кој сака телефонот да му потрае неколку години, треба да ја избегнуваа оваа навика. Голем број луѓе ги оставаат телефоните да се полна за време на ноќта, но тоа не е добро за нивната батерија. Иако не се вклучени, некои програми работат во позадина, па помалку ја трошат батеријата. Поради тоа, скеој пат кога процентот на батеријата ќе падне под 100%, батеријата повторно почнува да се полни, што значи дека ќе има голем број на циклуси на полнење, а тоа драстично и го скратува животниот век.
3. Празнење на батеријата до нула
Литиумските - јонски батерии кај некои телефони се програмирани за одреден број циклуси на празнење од 100 до 0%, по што им се скратува животниот век. Поради тоа телефоните би требало да ги дополнуваме кога батеријата ќе им падне на околу 20%.
4. Оставање на телефоните во автомобилите
Оставање на телефонот во автомобилот за време на лето или зима може да го оштети екранот и батеријата поради екстремно ниските или високи температури. Прегревањето или преголемото ладење може да го оштети и процесорот на телефонот. Особено е опасно телефонот да остане во автомобилот за време на летото, поради големо загревање.
5. Чистење на екраните со хемикалии за домот
Хемикалиите кои често се користат во домот може да бидат многу штетни за екранот на телефонот. Многу од нив содржат амонијак, кој го оштетува антистатичкиот и антирефлексивниот филм кој постои на екраните на модерните телефони. Поради тоа на екраните се јавуваат дамки, па дури и пукнатини.
6. Користење на различни полначи
Доколку полначот може да се приклучи на мобилниот телефон и да го полни, не значи и дека неговата употреба е добра за телефонот. Поединечни чипови во внатрешноста на телефонот може да се оштетат доколку се користат полначи кои не се оригинални или кои не одговараат, па телефонот може да изгуби некои од своите функции.