76 дена преживувал невиден ужас во вода: Насред Атлантикот
Приказната на Стивен Калахан, кој чудесно преживеал 76 дена на отворено море без храна и вода, е инспиративна на многу начини. Неговиот потфат бил тема на многу документарци, книги и филмови, а сите се прашувале како тоа му пошло од рака.
Како почнало се?
Кога поминувал низ тешка фаза од својот живот, решил малку да избега од се, посебно после разводот. Стокмил план да го пропатува светот со своето бродче кое лично го дизајнирал и го нарекол „Наполеон Соло“.
Епското патување го започнал во 1981 година од Њупорт на Роад Ајленд откаде се упатил кон Бермудските острови и подоцна кон Англија каде безбедно стигнал.
Од пристаништето Корнвол сакал да тргне кон Антигва во склоп на трка на поморци, меѓутоа, ја напуштил трката некаде кај Шпанија. Поради лошто време, неколку бродови се потонати, а и самиот „Наполеон“ бил видно оштетен.
Успеал се да поправи и во јануари 1982 година Калахан од Канарите тргнал кон Антигва. После недела дена, неговото пловило го удрил најверојатно кит што довело до големи оштетувања на бродот. Калахан едвај успеал да се спаси со помош на мал чамец за спасување додека „Наполеон“ тонел. Сепак пред целосно да се најде под вода, Калахан успеал да извлече пиштол, соларен дестилатор на вода и уште некои работи за кои сметал дека можат да му помогнат.
Бил насредина на Атлантикот, во мал гумен чамец за спасување без храна и никаква ориентација.
За изненадување, не паничел многу или паниката во неговиот случај му помогнала да ги пробуди своите инстинкти за преживување.
Сакал да смисли некако механизам како би ја пречистил водата што го направил со расклопување на дестилаторот во обид да дознае на кој начин функционира уредот.
Ја собрал преостанатата пречистена вода, а со помош на садовите кои ги имал ја собирал водата.
После 14 дена забележал брод. Испалил со сигналниот пиштол, но никој не го забележал. Тогаш паднал во поголема депресија и почнал да губи надеж дека ќе преживее.
Во меѓувреме го оштетил и чамецот ловејќи риба. Ситуцијата станала се посериозна, а помош немало на видик.
75 дена на отворено Калахан забележал светла на островот Галанте кој се наоѓа југоисточно од Гваделупе, мал архипелаг во Антили.
Тоа му дало сила да издржи уште малку, а следното утро го нашла група рибари.
Преживеал, но само после неколку недели успеал да застане на нозе и нормално да оди.
Приказната за Калахан им послужила на многумина како пример дека силната волја и позитивен став имаат голема улога во неговото преживување.