А1 Business со најнова атрактивна понуда за деловните корисници

А1 Македонија со огромно задоволство ја најавува новата атрактивна промоција наменета за деловни корисници која нуди решение за неограничена комуникација за сите компании.

Во рамки на септемвриската промоција, бизнис корисниците на А1 имаат единствена можност да искористат 6 месеци без месечна претплата за фиксините услуги во А1 Business Combo, како и да добијат до 150GB национален интернет во А1 Business тарифните модели. Дополнително за бизнис заедницата А1 подготви и зголемени буџети во рамките на нејзината понуда со што се зголемува и изборот за смарт уреди.

Оваа најнова промоција е дел од А1 Business тарифното портфолио за мобилни и фиксни услуги, со исклучителни поволности дизајнирани да овозможат уште поголем избор и повеќе вредност со цел да се пресретнат комуникациските потреби на корисниците од корпоративниот сегмент. Со комбинирање на мобилните и фиксните услуги во А1 Combo Business пакет, корисниците добиваат дополнителни поволности во облик на поголеми попусти и поголеми буџети за набавка на уреди.

Со оваа промоција А1 Македонија ја зацврстува својата заложба за креирање најдобри понуди и решенија кои одговораат на најразличните и најспецифични комуникациски потреби по мерка на деловните корисници

Повеќе информации за септемвриската промоција можете да најдете на www.a1.mk

ПР објава