А1 Македонија со нова ИКТ услуга за бизнис сегментот: Offensity за согледување на можните ризици навреме и заштита од хакерски напади
А1 Македонија најавува воведување на најновата ИКТ услуга – Offensity која им помага на компаниите да ги идентификуваат слабостите и безбедносните пропусти во нивната јавна интернет инфраструктура и преку добиените извештаи и потребни информации истите и да ги отстранат.
Offensity претставува автоматизирано решение за откривање на потенцијални слабости во инфраструктурата на компаниите и дава можност на корисникот да ја види целосната слика за ранливоста на целата ИТ околина што напаѓачот (хакер) би можел да ја искористи за планирање и спроведување на хакерски напад.
Offensity редовно ја скенира јавната интернет инфраструктура на корисникот и ги детектира и дава извештаи за сите идентификувани ризици, и вклучува скенирање на ранливоста на мрежата и на Web апликациите, безбедност на ДНС (Domain Name System), протекување податоци, проверка доколку системите се појавуваат на црните листи и друго.
Услугата дава извештаи за идентификуваните ризици, нивна класификација според нивото на ризикот (од ниско-ризични до критични), и исто така дава потребни информации за отстранување на ризиците бидејќи услугата самата не ги отстранува идентификуваните ризици и ранливости.
Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk
ПР објава