„Аџибадем Сити Клиник“, по успешната приказна со „Аџибадем Систина“ во Македонија и „Токуда“ во Бугарија, влегува и на српскиот пазар
Пред само една недела во Белград официјално потпишан беше договорот за интеграција на двата големи медицински системи, турскиот Аџибадем кој е дел од втората најголема групација на болници во светот IHH и „Бел Медик“, угледна српска приватна болница. Сопствениците и основачите на „Бел Медик“ Јасмина и Милан Кнежевиќ и сопственикот и основач на „Аџибадем“ Мехмет Али Ајдинлар го потпишаа договорот за партнерство под називот ,,Аџибадем Бел Медик“.
Оваа аквизиција во јавноста во текот на месец март беше најавена како проширување на Аџибадем со вбројување на Србија во нејзиното европско портфолио како четврта земја во која зема учество.
Дознаваме дека преговорите за оваа аквизиција на 70 отсто од српската групација „Бел Медик’’ е направена преку подружницата „Аџибадем Сити Клиник“ која е препознатлива по тоа што нејзини содружници покрај тускиот здравствен гигант Аџибадем, се и Светската банка, група на бугарски инвеститори како и македонската групација Орка Холдинг заедно со Клиничката болница „Аџибадем Систина“ .
Од релевантни бизнис кругови, неофицијално дознаваме дека во преговорите за аквизицијата која беше најавена, а по неколку месеци и реализирана бил вклучен и бизнисменот Јордан Камчев поради искуството кое во изминатите 20 години го има во приватниот здравствен сектор во Македонија како и поради доброто познавање на приватниот здравствен сектор во регионот.
Заинтересираноста на Турција за експанзија во регионот не е случајна бидејќи Клиничката болница „Аџибадем Систина“ која воедно е и првата болница на здравствениот гигант „Аџибадем’’ надвор од земјата е и најуспешната приказна на ,,Аџибадем’’досега, надвор од границите на Турција.
За потсетување, сето ова беше започнато кога пред 11 години, „Систина“ со потпишувањето договор за афилијација со најголемата групација на болници во Југоисточна Европа „Аџибадем“,создаде можност за размена на знаења и искуства и едукација со медицинскиот тим на турскиот здравствен гигант. Овааодлука натогашното раководство на болницата со кое управуваше бизнисменот Јордан Камчев резултираше со успешна соработка која прерасна во заедничко партнерство и формирање на Клиничката Болница „Аџибадем Систина“ која моментално е една од најголемите и најмодерните приватни болници во регионот.