Африка и скапоцените камења: Пронајден редок розов дијамант - најголемото откритие во последните 300 години

Огромен розов дијамант од 170 карати е откриен во Ангола и се верува дека е најголемиот розов скапоцен камен пронајден во последните 300 години, објави АП.

Дијамантот е пронајден во рудникот за алувијални дијаманти Луло, по што го добил името „Луло Роуз“.

Во овој рудник се ископани 27 дијаманти од сто и повеќе карати.

Ова е петти и најголем дијамант кој е пронајден за краток временски период.

Рудниците во Ангола се меѓу десетте најголеми светски производители на дијаманти.

Розовиот дијамант ќе го продава на меѓународен тендер анголската државна компанија за дијаманти „Содијам“.

Највредниот дијамант некогаш пронајден е јужноафриканскиот „Кулинан“, ископан во 1905 година и вредел 3.106 карати.

Повеќе инфо овде.


Фото: unsplash