Аја Софија во Сирија: Русите ќе градат реплика од грандиозното здание

Русија наводно одлучила да обезбеди финансиски средства за минијатурна Аја Софија во западната сириска покраина Хама за да ја покаже важноста на „мирниот дијалог“ меѓу религиите. Откако Турција неодамна ја претвори грандиозната црква Аја Софија во Инстанбул во џамија, христијанскиот свет се крена на нозе. Многу земји не го оправдаа овој чин. 

Сега, Русија ќе ѝ помогне на Сирија да изгради реплика од Аја Софија, која ќе функционира како православна црква, истакнал за The Moscow Times руски официјален извор. Вакви информации деновиве се објавуваат и во медиуми во други земји.

Pодготовките за изградбата на репликата на Аја Софија во градот Ал-Сукајлабијах наводно ќе почнат во август.