Ако имате парче земја на село, направете си ваква викендичка: Лесно се гради, лесно се одржува, трошоците се минимални (ВИДЕО)

Мала куќа на село за да се избегне стресот и бурниот начин на живот може да биде идеално решение за повеќето од нас

Многумина отсекогаш сакале големи, трикатни куќи кои одговараат на неколку генерации. Меѓутоа, времињата се сменија, па денес родителите главно се оставени сами во тие големи куќи. Проблемот со големите куќи е пред се што бараат пари. Многумина ќе речат: „Куќата е јама без дно“ .

Моментот кога ќе помислите дека сте ја средиле и завршиле, се „отвараат“ нови работни места и барања за реновирање.

Заради тие огромни куќи во градовите, сите сме ги запоставиле нашите предци на село. Често таму има куќи кои не се вселиваат или поседуваме празни ниви во кои одиме еднаш годишно.

За максимално да уживате во парче земја на село, ви предлагаме да примените американски систем - живеење во мали куќички.

Овие куќи ги прават од контејнери за транспорт, но реално е дека можат да се направат и од цигли. Кога ќе ја ископате таа основа и ќе почнете да градите, важно е да имате на ум една работа: потребно е малку за да бидете среќни.

Немојте да се заборавите па да се вплеткате повторно во големиот проект на куќа со неколку соби. Доволно е да имате викендица на село со една спална соба, дневна, кујна и бања.

Се друго е излишно.

Како пример ви ја претставуваме куќата на еден американски пар кој од контејнери го направи своето парче рај, сето тоа во желба да живее без хипотека, заеми и големи трошоци.

А приказната за нивниот живот и што ги натерало да го изградат овој мал дом, погледнете ја во видеото подолу: