Забава // Занимливости
Ако се напрскате само еднаш- веќе сте потрошиле 10.000 евра: Најскапиот машки парфем во светот
- 22 Мај, 2025 13:00

Клајв Кристијан No.1 Imperial Majesty се смета за најскапиот машки парфем во светот во моментов. Овој ексклузивен мирис е создаден со најредките и најскапите состојки, вклучувајќи индиско сандалово дрво, таитиска ванила, јасмин и бергамот.
Парфемот е сместен во рачно изработено Baccarat кристално шише, украсено со 18-каратно злато и дијамант од пет карати. Произведени се само десет примероци, што ја зголемува неговата реткост и вредност.
Цената на едно шише од 500 мл достигнува до 215.000 американски долари, што го прави симбол на врвниот луксуз и ексклузивност.