Ал Пачино: „Гордоста и ароганцијата се слуги на ѓаволот. Ако не можете да ги контролирате, тие ќе почнат вас да ве контролираат“
Како дете, се молев на Бога за велосипед... Тогаш сфатив дека Бог работи поинаку. Украдов велосипед и почнав да му се молам на Бога за прошка на гревовите..
Алфедо Џејмс Пачино е американски филмски и театарски актер, режисер и сценарист. Тој е најпознат по неговите гангстерски улоги за кои има добиено голем број признанија, меѓу кои и Оскар.
Еве ги неговите најпознати цитати:
„Не ми треба убава жена, која можам да ја купам со пари. Не ми треба богатство. Јас веќе имам сè. Не ми треба приврзаност: затоа што скоро сите жени стануваат „мои" за неколку долари, а оние кои не ми се приврзани, можам да ги освојам кога ќе посакам. Ми треба стабилна жена. Не можам да купам лојалност и добар глас за сите пари на овој свет “.
„Никогаш не давајте изговори или објаснувања на никого. На крај секој ќе разбере како што му одговара!"
„Како дете, се молев на Бога за велосипед .. Тогаш сфатив дека Бог функционира поинаку. Јас украдов велосипед и почнав да му се молам на Бога за прошка на гревот“.
„Првото правило е: никогаш не се откажувај. Второто правило е: Секогаш сеќавај се на првото правило“.
„Лесно е да се измами окото, но најтешко е да се измами срцето“.
„Вистината е дека тешко може да ме разберете. Мора да живеете со мене 50 години за да разберете за што зборувам“.
„Мајка ми почина пред да успеам. Се сеќавам дека имав околу десет години кога живеевме во стан на најгорниот кат. Беше многу студено. Моите другари постојано ми викаа од улицата да си играм со нив. Но, мајка ми никогаш не ми дозволуваше. И бев ужасно лут, се расправав и викав, а таа секогаш молчеше. Така ми го спаси животот, затоа што сите тие момци повеќе не се живи. Таа не сакаше да се дружам со нив. Гледате, затоа сум сега тука и ви зборувам. Сè е многу едноставно, зар не? Но, ние брзо забораваме...
„Клучот за успехот е желбата. А таа постојано гори во мене!“
„Често ми кажуваат дека сум здодевен, сезнајко и циник. Но, ве предупредувам дека сум многу полош од тоа!"
"Имаше години кога бев премногу зависен од алкохол и апчиња. Еднаш седев на една церемонија и си мислам: ако ме прашаат да излезам на сцена сега, дали ќе можам воопшто да излезам? Не бев сигурен!"
„Книгите и претставите ми помогнаа да го најдам своето место во светот. Имаше промена. Јас станав посериозен“.
„Гордоста и ароганцијата се слуги на ѓаволот. Ако не можете да ги контролирате, тие ќе почнат вас да ве контролираат“.