Албанец од Бујановац, веќе неколку години секојдневно обезбедува ужина за 20-ТИНА болни деца од Врање
Миљазим Гегулај, Албанец од Бујановац, веќе неколку години секојдневно обезбедува ужина за дваесетина болни деца од Врање.
Родителите на Миљазим се староседелци од Призрен, кога во 1970-тите се преселиле во Бујановац и таму го започнале својот бизнис. Братот на Миљазим денеска има пекара во Бујановац, а пред четири години еден од браќата Гегулај отвори пекара во Врање.
Миљазим и неговата сопруга Сада важат за големи хуманисти, но не сакаат да зборуваат за тоа. Со оглед на тоа што пекарата се наоѓа во близина на просториите во кои престојуваат деца од Здружението за помош на ментално недоволно развиени лица, меѓу овој Албанец и болните деца почнало да се создава необично пријателство.
- Побараа помош од Здружението за помош на ментално неразвиени лица, некако да им се помогне. Во пекарата решивме да им обезбедиме ужина секој ден. Некогаш е бурек, следниот пат лепчиња, кифлички од виршли, солени и слатки пити... Имам три деца и си играат со децата од Здружението, се спријателивме. Секогаш кога добивам новогодишна честитка од децата од Здружението со најубави желби за мене и моето семејство. Насмевките на болните деца, нивната искрена радост, за мене се најголемата награда - додава Миљазим.
Тој е еден од ретките Албанци кој има сопствен бизнис во Врање. Тој вели дека досега немал никакви проблеми, особено не на национална основа.
- Татко ми е од Призрен и секогаш не учеше дека има само добри и лоши луѓе и дека така ги делиме, а не по нација, вера или раса. Имам голем број клиенти овде, сите се задоволни. Во Врање имам голем број пријатели, а меѓу вработените има и Срби и Албанци. Албанците патуваат од Бујановац, а Србите од Врање. Секој треба да помогне ако може, бидејќи тоа е прекрасно чувство. Мислам дека не правам ништо посебно помагајќи им на другите и дека секој човек има потреба да направи нешто добро - вели Миљазим.
На овие зборови навистина не треба ништо да се додаде. Секоја чест човеку.