Алкохолот и стресот можат да доведат до еректилна дисфункција
Мажите од 40 до 70 години се на најголем
удар од еректилна дисфункција. Староста е фактор број еден за оваа болест.
Мажите кои страдаат од хронични медицински состојби, како што се болест на срцето,
дијабетес, хиперхолестеролемија исто така имаат поголем ризик од еректилна
дисфункција. Едно од решенијата кои се нудат во Клиничката болница
„Аџибадем Систина“ е поставувањето пенилни протези, по што 90% од
оперираните пациенти имаат нормален сексуален однос.
Еректилната дисфункција претставува неможност да се постигне и одржи ерекција која ќе овозможи задоволувачки сексуален однос. Иако еректилната дисфункција е бенигно заболување, тоа влијае на физичкото и психосоцијалното здравје и има големо влијание на квалитетот на живот како на самиот пациент, така и на неговата партнерка. Исто така, еректилната дисфункција може да биде и рана манифестација на коронарно артериско или периферно васкуларно заболување.
Статистичките податоци покажуваат дека 5 до 20% од мажите во светот имаат умерена до тешка форма на еректилна дисфункција. Ризикот од еректилна дисфункција е поголем кај повозрасните мажи. Над 70 % од мажите постари од 50 години страдаат од импотенцијата, која во оваа возраст најчесто е последица на болест или од несакани дејства на лекови. Но, загрижува фактот што сè поголем број мажи во средна возраст страдаат од еректилна дисфункција. Урологот д-р Даниел Петровски од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ појаснува дека најчестите причини за тоа се недоволна физичка активност, дебелина, пушење и покачен холестерол, кои сами по себе или комбинирани придонесуваат за нејзина појава. Д-р Петровски додава дека со намалување на ризик-факторите, може да се намали и ризикот од еректилна дисфункција. Припадниците на посилниот пол најчесто не се свесни за проблемот што го имаат и не бараат лекарска помош. Д-р Петровски порачува доколку препознаат кој било од следниве симптоми да се јават на уролошки преглед: eрекции кои се премногу меки или премногу кратки за сексуален однос, неспособност да се постигне или одржи ерекција.
Дијабетесот и антидепресивитепричина за еректилна дисфункција
Еректилната дисфункција оди рака под рака со хроничните болести, особено со дијабетесот. Дури 75% од мажите кои имаат дијабетес страдаат и од еректилна дисфункција. Но, доколку пациентите го контролираат нивото на шеќер во крвта, овој ризик се намалува.
„Освен дијабетесот, постојат и други заболувања кои може да доведат до еректилна дисфункција, а тоа се кардиоваскуларните заболувања, атеросклероза, бубрежни заболувања и мултиплекс склероза, кои можат да го нарушат протокот на крв или на нервни импулси до кавернозните (еректилни) тела на пенисот. Депресијата исто така може да биде една од причините за губење на машката импотенција“, појаснува д-р Петровски.
До еректилна дисфункција, додава тој, може да доведе и примањето лекови за висок крвен притисок за срцеви болест и антидепресиви може да доведат до еректилна дисфункција. Доколку пациентите забележат дека лековите кои ги консумираат влијаат врз функцијата на половиот орган, треба веднаш да се консултираат со уролог. Д-р Петровски советува никако да не ја прекинуваат терапијата на своја рака. Појавата на еректилна дисфункција може да се превенира со редовна физичка активност, одржување на телесната тежина, избегнување на алкохол и цигари, избегнување на долго возење велосипед и да се избегнува долга употреба на топли купки и сауни со висока температура.
Дијагнозатаво „Аџибадем Систина“ се поставува со земање анамнеза на пациентоткој има сексуални проблеми, одредување на ризик-факторите, проценка на психосоцијален статус, преглед и откривање на деформитетите на пенисот, заболување на простатата, хормонален недостаток и невролошки преглед. Се прави мерење на ниво на шеќер во крвта, нивото на маснотии во крвта, како и одредување на машкиот полов хормон – тестостерон, а во голем број случаи неопходна е и консултација со кардиолог.
Пенилни протези - трајно решение за еректилна дисфункција
Терапијата, како што поајснува д-р Петровски, се состои од лекови од групата на PDE-5 инхибитори (не предизвикуваат ерекција сами по себе и неопходна е сексуална стимулација за да го изразат својот ефект). Освен со инхибитори се третира и со вакуумски направи за ерекција (VED), психосоцијална терапија, инјекции (со простагландини) за директно вбризгување. Пенилните протези се користат како последна опција во третманот на еректилната дисфункција, за постигнување и одржување на ригидност на пенисот со што се овозможува нормален сексуален однос. Основна индикација за вградување пенилни протези претставува трајно губење на ерекција. Во основа постојат два вида пенилни протези полуцврсти протези (semirigid) и протези на надувување (Inflatable). По поставување на пенилните протези 90% од оперираните пациенти имаат нормален сексуален однос