Архитект откри генијален трик како да се олади просторија без клима уред

Со доаѓањето на високите температури, наоѓањето начини за обезбедување квалитетен сон станува клучно. Архитектот Лео Рогел ги открива најдобрите начини за разладување на вашата спална соба навечер.

Високите температури веќе се тука, а спиењето во ова време од годината може да биде тешко. За среќа, еден експерт сподели совет како да го направите ноќниот одмор поподнослив. 

„Проблемот со вентилаторите е што тие само го движат воздухот, па затоа мора да најдеме начин да го разладиме“, објаснува Рогел на својот YouTube канал.

Клучот, според него, е вентилаторот да стане наш сојузник. Но, како? Со додавање на влага во просторијата.

Според архитектот, ова може да се постигне на два начина.

„Првиот е да испрскаме малку вода низ просторијата со помош на шише со распрскувач пред спиење, за да биде воздухот посвеж“, вели Лео.

Сепак, не сите имаме распрскувач при рака, па затоа нуди уште една опција:

„Друг начин е да земете крпа, да ја намокрите и да ја поставите зад вентилаторот. Имено, кога водата ќе испари, таа го лади околниот воздух. Вентилаторот ќе го привлече тој посвеж воздух и ќе го насочи кон вас.“

Има уште еден трик, иако работи само ноќе. „Поставете го вентилаторот на прозорецот. На тој начин ќе вшмука свеж воздух однадвор и ќе го пренесе внатре, што може да помогне во намалувањето на температурата во просторијата“, советува архитектот.

Како што вели тој, вентилаторот не е како клима уред, но на оваа жештина, секој степен е важен.