Авионот во движење, врата се отвори: ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледа тоа (ВИДЕО)
Објавено е видео на кое се гледа дека вратата е отворена додека авионот
сè уште се движел по пистата.
Се отворила врата за време на слетувањето на авион на Pakistan International Airlines. Според извештаите, при државниот лет PK631 од Исламабад кон Сукур, вратата на авионот се отворила пред тој да ја допре земјата, пренесува „Independent“.
„Безбедносната врата PK631 се скрши кога авионот ја допре пистата на
аеродромот „Сукуру““ - твитна Фахмида Икбал Кан, активист за човечки и
родови права и додаде:
- Ако се случеше неколку секунди пред да слетаме, сите ќе бевме минато и
нашите имиња ќе беа меѓу оние кои се го загубиле животот поради авионска
несреќа.
Таа објави и фотографија од авионот за кој што станува збор, на која се гледа и екипата која ја испитува сигурноста на вратата.
Објавено е и видео на кое се гледа дека вратата е отворена додека авионот сè уште се движел надолу по пистата.
Сепак, постои дискусија за тоа како всушност вратата се отворила...
Додека г-а Кан тврди дека вратата се скршила при слетувањето, портпаролот
на Pakistan International Airlines изјавил за „Independent“:
„Рачката е случајно подигната од еден од патниците. Сепак, започнавме
истрага за да откриеме што всушност се случило.“
Ова не е прв пат вратата на авион неочекувано да се отвори.
Лет од Манчестер беше одложен за скоро осум часа во јуни 2019 година, откако еден патник по грешка отворил излез за итни случаи наместо врата од тоалет.
Во тек е истрагата за Pakistan International Airlines.