Баба Бранка се појави во „Симпсонови“: „Ти си копија на татко ти!“, ова се првите зборови на македонски јазик изговорени во серијата

Во популарната анимирана серија „Симпсонови“ се зборуваше и на македонски јазик. 

„Ти си копија на татко ти!“, се зборовите кои се изговорија во „Симпсонови“, кој ги изговара баба Бранка, инаку баба на шанкерот и сопственик Мо, додека тој е претставен како бебе.

Во 36-та сезона, епизода 15 се појавува и Македонец во серијата. Познатиот Мо кој е сопственик на таверната често се шегува со Барт на телефон е всушност Македонец. 

Тој го убедува дедото дека сè уште прилично добро зборува македонски, на што тој му вели „Нема шанси. Ти едвај зборуваш и англиски“. 

„Никој не умееше да ти изгаси цигара од врат како баба Бранка,“ носталгично ќе се присети Мо, сеќавајќи се како баба му го успивала со галовните зборови „Ти си копија на татко ти!“ (бесполезен, не те бива за ништо, мрзелив), мафтајќи со цигарата над него.