Бандерас се соживеа со новата улога: Болката и славата ги носиме во ист куфер
Актерот Антонио Бандерас, неодамна ја прифати улогата во филмот на Педро Алмодовар, „Болка и слава“, во кој ќе го глуми Салвадор Мало, режсер со телесна попреченост. Филмот ќе биде достапен во кината после 4ти октомври.
Познатиот Шпанец
вели дека приказната за овој филм може да ги допре луѓето од сите општествени
слоеви, бидејќи „сите патуваме низ животот со куфер полн болка и величенствени
работи“.
„Кога ќе се свртите кон својот живот, секој ќе најде некој со кој мора да се смири, понекогаш да побара и прошка за работите кои ги кажал или направил, како и за работите кои не ги кажал и не ги направил“ - изјави актерот, признавајќи дека неговиот живот не бил совршен.
Меѓутоа, Бандерас тврди дека сега се посветил на тоа да ја зборува само вистината и дека сака да биде целосно искрен.
„Следната година ќе наполнам 60 години и сфатив дека во животот постои момент во кој има место само за вистината. Мојот живот никогаш не бил совршен и поминувам низ сопствени проблеми. Предизвикот со кој се соочуваат сите славни е токму тоа што се обидуваат да го вратат нормалниот секојдневен живот“ - изјави актерот и објасни дека кога самите себеси ќе ги изградите дворец, тогаш многу лесно го губите контактот со реалноста.
„Тоа е опасно затоа што почнуваш да мислиш дека си посебен, а всушност не си. Уметнички се поврзувате со луѓето, но тоа не ве прави посебни, но можете да излезете и будали“ - изјави Бандерас.
Тој признава дека срцевиот удар во 2017-та година е најголемата причина за животен пресврт кој му се случил.
„Тоа беше пресврт, психолошки. Луѓето ја имаат таа тенденција после проблемите со срцето да покажуваат дека се во совршена состојба. Сакате уште и си кажувате себеси дека можете добро да ја завршите работата. И така одлучив да снимам уште поинтересни филмови“ - изјави Бандерас.