„Барем ќе одам во Рајот“: Напиша провокативната манекенка на која Папата ѝ лајкна фотографија- Ватикан го истражува случајот

Веста дека на провокативната фотографија на инфлуенсерката се најде лајк од официјалниот Инстаграм на папата Франциско го обиколи светот, а реагираше и сопственичката на фотографијата, Наталија Гарибот.o. 

„Барем ќе одам во рајот“, напиша таа на Твитер

Некои луѓе веднаш започнаа да коментираат дека папата сигурно не и ја лајкнал фотката, додека други сметаа дека ова е повод за шега, па во коментарите следеа разни коментари.

Инаку, Ватикан објави дека испитува како од официјалниот профил на папата Фрањо на Инстаграм била лајкната фотографија на оскудно облечената бразилска манекенка. Нејасно е кога била лајкната фотографијата на Наталија Гарибото, која е облечена во школска униформа. Лајкот во меѓувреме бил тргнат. Официјални лица на Ватикан сега истражуваат како се случило ова.

„Можеме да исклучиме дека лајкот дошол директно од Светиот Отец и побаравме објаснување од Инстаграм“, изјави портпаролот на Ватикан.

Инстаграм профилот на папата Фрањо има 7,4 милиони следбеници низ цел свет.

„Со профилите на папата на социјалните мрежи управува тим од вработени. Во тек е внатрешна истрага“, кажаа извори од Ватикан.